Економија, финансии, бизнис

Контакт

По 11 години една европска земја влегува во рецесија

По 11 години една европска земја влегува во рецесија

Британија влезе во најдлабока рецесија досега.

Земјата влезе во најдлабока рецесија откако денешните податоци покажаа дека економијата паднала за повеќе од која било друга земја од Г7, за време на појавата на коронавирусот во трите месеци до јуни, објави Канцеларијата за национална статистика (ОНС).

Бруто домашниот производ  во вториот квартал се намалил за 20,4 отсто спореден со претходните три месеци. 

Ова е најголем квартален пад од кога започнале компаративните записи во 1955 година.

По падот од 2,2 проценти во првиот квартал, бројките потврдуваат дека економијата на Велика Британија паднала во рецесија по појавата на епидемијата во март и откако владата воведе национално заклучување за да ја запре. 

Економистите велат дека два последователни минуси во БДП е техничка дефиниција за рецесија.

Претходно, Германија влезе во рецесија. 

Минатиот месец беше објавено дека Сингапур e во најтешката рецесија во историјата. 

Слично

Поврзани вести