ПЛУС ОСУМ ИЛЈАДИ НА СМЕТКА: На кои вицепремиери им се зголемува платата
Плус осум илјади денари ќе легнуваат на сметките на пет вицепремиери.
Измените на законот предвидуваат покачени плати на плати и законското решение за Влада. Според измените на законот вицепремиерите Хазби Лика, Бујар Османи, Кочо Анѓушев, Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски ќе имаат зголемени плати.
Токму ова ја збесна јавноста а владата се обиде преку соопштение да ја смири ситуацијата информирајќи дека не се работи за покачување на месечните примања на потпретседателите на Владата туку усогласување на Законот за плати и законското решение за Влада.
На одлуката за повисоки плати реакција стигна и од партијата која постојано ја критикува владата за економијата, Левица.
Од таму велат дека ова е непочитување на одлуката на Уставниот суд.
