Економија, финансии, бизнис

Контакт

Плус 114 анкетари за теренска проверка на гласачи

Плус 114 анкетари за теренска проверка на гласачи

Уште 114 анкетари ќе се вклучат во теренската проверка на гласачи.

Се зголемува бројот на анкетари кои ги прават теренските проверки на спорните гласачи, а ако има потреба ќе се ангажираат и  нови, информираат од ДИК. Според ДИК денеска теренските проверки почнале во сите 80 општини. Во Скопје најголем број контроли ќе се прават во општините Центар и Аеродром, каде има 6.700 гласачи со спорни записи во избирачкиот список.

ДИК денеска ќе ја разгледува и можноста да бидат објавени спорните записи на интернет страницата, како и тоа набљудувачи на МОСТ и ОБСЕ да ги следат теренските проверки.

Бројката на анкетари сосе новите порасна на 488. Прочистувањето на избирачкиот список треба да заврши најдоцна до 17 април, за изборите да може да се одржат на 5 јуни.

Слично

Поврзани вести