Економија, финансии, бизнис

Контакт

Плоштад каде е забранет дочек на Нова година поради напади

Плоштад каде е забранет дочек на Нова година поради напади

Од безбедносни причини, властите забранија новогодишна прослава на истанбулскиот плоштад Таксим.

Во Турција за период од две години имаше неколку смртоносни напади, вклучувајќи го и оној во истанбулскиот ноќен клуб „Реина“ каде што маскирано лице усмрти и повреди многумина.

Напаѓачот тогаш требал да изврши напад на Таксим, но лидерите на „Исламската држава“ му наредиле да пронајде нова цел, затоа што на плоштадот немало услови за акција. 

Напаѓачот од Реина, Абдулгазир Машарипов, по апсењето признал дека требало да изврши напад на Таксим.

Од 39-мината загинати во нападот на Реина, што се случи само 75 минути по дочекот на 2017 година, 27 беа странци, вклучително и граѓани од Либан, Саудиска Арабија, Израел, Ирак и Мароко.

Слично

Поврзани вести