Пливаат ли банките во пари? Зошто се намалуваат депозитите кај најголемите банки?
Дали дестимулативните банкарски камати за штедење мотивираа клиенти да вложуваат во берза или да бараат други алтернативи за оплодување на нивните средства? Како и да е ова однесување на банките покажува дека всушност пливаат во пари и затоа не се мотивирани да ги собираат
Депозитната база, од ставката депозити на други коминтенти, во четирите најголеми банки во земјава во првата половина година е помала за 56 милиони евра во споредба со крајот на минатата година, покажуваат официјалните податоци од финансиските извештаи на банките што ги споредуваше „Фактор“. Од четирите големи банки единствено расте депозитната база кај „Стопанска банка Скопје“ додека намалување на влоговите на клиентите бележат „Комерцијална банка“, „Охридска банка“ и НЛБ Банка.
На крајот на 2016 година четирите банки имале депозити (со исклучок на депозитите на банките) во износ од речиси 240 милијарди денари односно 4 милијарди евра. Сега тој износ е за 3,35 милијарди денари помал од износот на депозити лани.
Кај „Стопанска банка Скопје“ депозитната база изнесува 69 милијарди денари и бележи раст од 724 милиони денари. Најголемо намалување на депозитната база има кај „Охридска банка“ и тоа изнесува 2,24 милијарди денари во однос на крајот на минатата година. На крајот на јуни годинава вредноста на депозитите (со исклучок на банкарскиот сектор) е 24,25 милијарди денари. Кај НЛБ Банка на крајот на првата половина од годинава депозитната база е 56,14 милијарди денари и во споредба со крајот на 2016 година е помала за 1,95 милијарди денари. Најмало намалување на депозитите има „Комерцијална банка“ која е банка со најголема депозитна база подолг период наназад. На крај на јуни состојбата на депозити во таа банка е 86,07 милијарди денари и тоа е за 1,11 милијарди денари помалку од 31 декември 2016 година.
Банка депозити 30.06.2017 31.12.2016

