Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Плива“ го повлекува лекот Loquen 200 mg поради погрешни етикети на кутиите

„Плива“ го повлекува лекот Loquen 200 mg поради погрешни етикети на кутиите
Поради несоодветните етикети за дозата на активната супстанција во составот на лекот, „Плива“, во соработка со Агенцијата за лекови и медицински помагала на Хрватска, го повлекува од пазарот лекот Loquen 200 mg - сериски број 220.102, 726 023 и 100053. Од „Плива“, односно носителот на одобрението за ставање на лек во промет Loquen таблети од 200 mg, информираат дека повлекуваат три серии Loquen 200 мг. Loquen припаѓа на класата на антипсихотици, и содржи активна состојка кветијапин. "Одлуката да се повлечт овие серии од лекот е донесена поради неправилната етикета за доза на активна состојка во лекот на страничната страна од кутијата (100 mg), додека пак, етикетата на предната страна од кутијата е точна (200 mg), а таблетите содржат 200 мг кветијапин" - објавија од „Плива“. Оттаму им се јавиле на болните на кои им биле издадени овие таблети од наведените серии, да ги вратат преостанатите количини во било која аптека.  
Слично

Поврзани вести