Плевнелиев во Стразбур:Политичката елита на Македонија да покаже дека е подготвена да дава решенија
Тоа што сега е важно е политичката елита на Македонија да покаже дека е подготвена да дава решенија, изјави бугарскиот претседател, Росен Плевнелиев по обраќањето во Европскиот парламент во Стразбур.
Според него, европската перспектива за Македонија е повеќе од јасна. Сите стојат зад неа, нема сомневања за тоа прашање, вели тој.
„Таа криза треба да биде решена со учество на локалните политичари. Помошта од гледна точка на Европскиот парламент, Европската комисија, од државите добри соседи на Македонија е на лице, но вие треба да го изодите тој пат, во оваа тешка ситуација за да се најде одржливо решение за излез од кризата“ - кажа Плевнелиев.
Во обраќањето пред европратениците тој рече дека претпоставката дека Европа може да биде изградена „на различни брзини” создава чувство на нееднаквост.
