Економија, финансии, бизнис

Контакт

Плевнелиев: Не ja поддржуваме Македонија безусловно, сакаме крај на антибугарски кампањи

Плевнелиев: Не ja поддржуваме Македонија безусловно, сакаме крај на антибугарски кампањи

Македонија ја има поддршката на Бугарија на патот кон евроатлантските вредности, но таа поддршка не е безусловна.

Ова го изјави претседателот Росен Плевнелиев при средбата со својот македонски колега Ѓорге Иванов денеска.

"Бугарија сака искрено и е подготвена да биде двигател на европската интеграција на Република Македонија. Напредокот на секоја земја од Балканот во овој процес ќе биде успех и за целиот регион ", изјави Росен Плевнелиев.

Тој потврди дека поддршката на Бугарија за нашата земја не е безусловна и повика за забрзување на потпишувањето на билатералниот Договор за добрососедство кој ќе даде нов импулс во билатералните односи и ќе го забрза процесот на европска интеграција.

"За Бугарија е многу важно да биде прескокнато чувство дека во Република Македонија периодично се одржуваат антибугарски кампањи", посочи уште Плевнелиев и повика за заедничко одбележување на познати личности и настани од нашата заедничка историја.

Шефот на државата потсети дека Бугарија  има билатерални договори за добрососедство со многу од нејзините соседи во Југоисточна Европа и денес гради со нив плодна и заемно корисна соработка.

"Време е за нови односи помеѓу Република Бугарија и Република Македонија", рече претседателот Ѓорге Иванов. Претседателите ги повикаа министерствата за надворешни работи на двете држави да ги решат спорните прашања во преговарачкиот процес за потпишување на билатерален Договор за добрососедство.

И Росен Плевнелиев, и Ѓорге Иванов се изјаснија за забрзување на изградбата на регионалните транспортни и енергетски врски, кои ќе го променат изгледот на Југоисточна Европа и да ја поттикнат меѓусебната трговија, инвестиции и туризам.

Слично

Поврзани вести