Плевнелиев: Македонија да го потпише договорот за добрососедство и да престане да ја менува историјата
Апелот беше јасен - Македонија треба да го потпише договорот со Бугарија за добрососедство и да престане да ги менува историските факти.
Тоа, го изјавил претседателот Росен Плевнелиев за време на вториот ден од Годишната средба на министерот за надворешни работи со амбасадорите на Република Бугарија, пренесоа агенциите.
„Сите се здруживме и ја опстојуваме бугарската позиција во однос на случувањата во Република Македонија. Уште пред три години во првите месеци, изјавив пред комесарот за проширување јавно дека тогаш се подготвува од „ЕК“ извештај за напредокот на Македонија кој не се одразува на сите аспекти и има некои нереални заклучоци.
Тоа беше факт и од тогаш до сега заедно постигнавме многу. Позицијата ни е јасна - таа не е против, таа е „за“ да ги збогатиме добрососедските односи во регионот, да и помогнеме на историјата да не биде манипулирана, загубена, одложена“ , изјавил Плевнелиев. Според него историјата треба да не обединува.
„Гласот на Бугарија е во насока на добрососедството, што се базира на заедничка историја и вредности. Апелот беше јасен дека Република Македонија треба да потпише договор со Бугарија за добрососедски односи, треба да престане да ги менува историските факти и потпишувањето на овој договор и тоа е наш стратешки приоритет и услов за поддршката на Бугарија за почеток на преговори за членство. Се надевам дека властите во Скопје многу наскоро ќе дадат јасен знак за надградба на нашите односи“, изјавил Росен Плевнелиев.
