Пленумци со јавна осуда до медимите кои вулгарно упаѓаат во приватноста на студентите
Студентскиот пленум најостро го осудува говорот на омраза, јавното шиканирање и обидот за дискредитација на лично ниво кое го проследивме во неодамнешните напади врз наш член, студент кој активно се бори за автономијата на универзитетот, потенцираат од пленумот.
Тие ги потсетуваат новинарите дека вулгарното жигосување на поединци како и безобразниот упад во неговата приватност се коси со сите професионални и етички новинарски стандарди.
Доколку новинарите се заинтересирани за истражувачко новинарство, тие ги покануваат на било која од автономните зони за да се запознаат со суштината на нивното движење, наместо да се занимаваат со напади врз поединци.
Слично
