ПЛЕНКОВИЌ ЗА УРНАТИОТ ДРОН ВО ЗАГРЕБ: „Орбан вели дека леталото дошло во Унгарија од правец на Романија“
По синоќешната мистериозна несреќа во Загреб се уште се шпекулира за што точно се работи. Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ кој даде изјава од пред Версајскиот
дворец, каде што учествува на состанокот на светските лидери за ситуацијата во
Украина и последиците од војната врз земјите членки, вели дека Дронот е од руско производство,
но се уште не се знае дали е од руската или украинската армија, пренесува Jutarnji.hr.
Додава дека беспилотното летало дошло од правец на Унгарија, а според објаснувањата на унгарскиот премиер Орбан, во Унгарија пристигнало од правец на Романија. Хрватската страна стапила во контакт со украинската страна за да види дали има информации како дронот стигнал до Загреб.
- Се истражува дали се работи за грешка или изгубена контрола. Дронот летал над Хрватска неколку минути, а потоа се урнал во Загреб. Добро е што нема повредени, што паднал на дел кој не е станбен. Сите служби спроведуваат истраги и сите ќе вложат максимални напори да ги утврдат причините за пристигнувањето, а потоа и за падот на леталото - изјави премиерот од Париз, каде се одржува неформалниот самит на Европскиот совет за Украина.
За падот на дронот во Загреб, премиерот утрово разговараше со претседателот Зоран Милановиќ, унгарскиот премиер Орбан, како и со сите релевантни членови на Владата, градоначалникот Томашевиќ и како и со хрватскиот амбасадор во НАТО, Марио Нобило.
ФОТО: EPA-EFE/Julien de Rosa