Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пленковиќ: Временска рамка за Македонија и Албанија

Пленковиќ: Временска рамка за Македонија и Албанија

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ рече дека хрватското претседателство преку самитот во Загреб во мај за Западен Балкан ќе даде јасна европска перспектива, јасна временска рамка, како и методологија за идните преговори.

Како гостин во емисија на француската телевизија Франс 24, тој повтори дека се очекуваат предлози за одредени измени на методологијата на преговарачкиот процес и дополнителен извештај за напредок за Северна Македонија и Албанија.

Пленковиќ исто така рече дека се надева оти ова ќе доведе до политичко решение и ќе ја врати довербата на двете држави пред самитот во Загреб.

Премиерот на Хрватска рече дека Брегзит, како и повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ, ќе бидат главните предизвици на претседателството, покрај проширувањето на унијата.

Тој рече дека ЕУ и Велика Британија треба да „покажат зрелост“ во текот на следните неколку месеци и да преговараат за клучните области за идните односи до крајот на 2020 година.


Слично

Поврзани вести