Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пленковиќ со поддршка за Македонија и Албанија на средбата со Макрон

Пленковиќ со поддршка за Македонија и Албанија на средбата со Макрон

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на средбата во Париз со францускиот претседател Емануел Макрон даде поддршка за Македонија и Албанија во обидот да се обезбеди датум за преговори со Европската унија за двете земји.

Макрон инсистира на промена на методологијата за преговори со земјите-кандидатки пред да се донесе одлука за отворање преговори, но изрази надеж и дека целиот процес ќе биде завршен уште пред самитот ЕУ – Западен Балкан во мај во Загреб.

„Ги споделувам вашите напори да постигнете единство на самитот во Загреб во мај и тој да биде успешен за Европа. Франција предложи нова методологија за процесот на проширување да не биде само бирократски процес, туку вистински политички пат напред што може да се забрза и да биде ревирзибилен, кој има услови, но и конкретни придобивки за земјите-кандидати“, рекол Макрон на средбата на која збор станало и за статусот на Македонија и Албанија во Брисел.

Хрватска од 1 јануари го презеде претседавањето со Советот на ЕУ и сака да го одблокира процесотПленковиќ по работниот ручек со Макрон во Елисејската палата наведе дека се надева на какво било решение, при тоа споменувајќи дека во игра се и други опции.

„Сметаме дека европската перспектива за хрватското соседство нема алтернатива и затоа се радуваме што заеднички ќе го пронајдеме решението, било да станува збор за модификација на методолoгијата на преговорите за проширување или други конкретни потези кои Северна Макеоднија и Аlбанија може да ги направат во следниот период. Ние сакаме пред Самитот (на ЕУ и Западен Балкан во мај) во Загреб да се создаде атмосфера, така што оние земји кои имаа резерви да се согласат да продолжи пристапниот процес. Тоа беше суштината на нашиот разговор на оваа тема”, рече Пленковиќ по работниот ручек со Макро.




Слично

Поврзани вести