ПЛЕНКОВИЌ НАЈАВИ ЗАСИЛЕНИ АНТИКОВИД МЕРКИ ВО ДАЛМАЦИЈА: Во Хрватска расте бројот на заразени со делта варијантата
Во Хрватска, по неколку мирни епидемиолошки недели,
во последните седум дена, има значително зголемување на бројот на нови случаи
на ковид-19, особено во Далмација, изјави премиерот Андреј Пленковиќ.
Тој на седницата на Владата објави дека ќе се интензивираат епидемиолошките мерки во четири далматински жупании, каде што се евидентираат поголем број на пациенти, односно дека ќе се зајакне контролата на поголемите собири.
Според последните информации, повеќе од 1,6 милиони граѓани или 47,6 проценти од возрасните се вакцинирани со најмалку една доза. Вакцинацијата е завршена за околу 1,4 милиони граѓани или 41,61 процент.
Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 362.129 заразени лица, 352.966 оздравеле, а 8245 починале.
