Пленковиќ одговори дали Украина треба да отстапи од својата територија
Според хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, не може да се очекува Украина да отстапи од својата територија.
Пленковиќ изјави за Си Ен Ен дека на крајот на секој конфликт обично има некакво дипломатско или мирно политичко решение.
„За жал, ние сме во средина на агресија, окупација на територии, организирање референдум за нелегална анексија на територијата на друга суверена држава и продолжување на воените операции со воздушни напади и тревога. Мислам дека политичките и дипломатските контакти се секогаш корисни, но како што јас гледам, уште не сме таму“, рече тој.
Инаку, тој дава поддршка на Украина, и поддржува да организираат обука за украинските војници, но хрватскиот претседател Зоран Милановиќ соопшти поинаков став, дека тој тоа нема да го дозволи и дека не сака да се мешаат.
Светот ја осуди руската анексија на Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје. Украина не сака да прави компромис за територии.
