Економија, финансии, бизнис

Контакт

Платите во зоните – пониски од просечната плата во државата

Платите во зоните – пониски од просечната плата во државата
Анализата на Советот на странските инвеститори потврди дека платите во зоните се за стотина евра пониски од просечната плата во државата. Вработените во компаниите во индустриските зони во земјава земаат просечна плата од 260 евра. Според анализата, каде се земени во предвид само индустриските сектори застапени во зоните, нето-платата на ниво на Македонија во тие индустрии е 17.555 денари, додека во зоните е 16.143 денари. Според аналитичарите, ова е уште еден доказ дека во бизнис плановите на странските инвеститори, трошоците за човечки ресурси се сведени на минимум. Во изјава за Телма, Александар Колекески од МЦЕО вели дека клучниот проблем е тоа што државата нема утврдено повисока минимална плата во зоните. Тој вели дека тоа би било единственото решение, со оглед на тоа што фирмите кои работат таму добиваат државна помош. Инвеститорите во овие зони 10 години се ослободени од пероснален данок на доход, од данок на добивка и данок на додадена вредност. Освен даночни, имаат и царински ослободувања.
Слично

Поврзани вести