Платите во Велика Британија паѓаат најбрзо меѓу развиените земји
Вработените во Велика Британија меѓу 2007 и 2015 година го преживеале најголемиот пад во платите во реални услови меѓу водечките земји од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Оваа изјава беше дадена денес од организација „Trade Union Congress“ која е федерација на синдикатите на Англија и Велс.
„Платите одеднаш паднаа по финансиската криза и беше тешко да се зголемат. Како што неодамна докажа Банката на Англија (Британската централна банка), поголемиот дел од домаќинствата во Обединетото Кралство преживуваат „загуба на приходите во деценијата“, - рече генералниот секретар на синдикатите Френсис О'Греиди.
Според него, извршеното истражување на синдикалната федерација сугерира дека „владата треба да инвестира во големи инфраструктурни проекти, за да создаде квалитетни и добро платени работни места.
„Други земји „покажаа дека е можно да се зголеми нивото на вработеноста и животниот стандард во исто време“, коментира тој.
Официјалниот претставник на Министерството за финансии изрази несогласување со заклучоците на синдикатите. Според него, „резултатот од оваа студија не го предвидел фактот дека по „големата рецесија“ нивото на вработеноста во Обединетото Кралство ќе се зголеми до повисоки вредности отколку во која и да е земја од Г-7, животниот стандард достигнал највисокото ниво, а платите продолжуваат да растат побрзо од цените.“
