Економија, финансии, бизнис

Контакт

Платите во Косово најниски во регионот на Западен Балкан

Платите во Косово најниски во регионот на Западен Балкан

Најниските минимални надоместоци во земјите од Западен Балкан имаат граѓаните на Косово, Македонија и Албанија, а највисоки во Хрватска и Црна Гора. Ова го покажуваат податоците на „Еуростат“.

Според „Еуростат“ минималната плата во Косово се движи околу 130-170 евра, во Македонија таа е 131 евра, а во Албанија 149 евра. Овие вредности се значително помали од најниската минимална плата во Унијата - онаа во Бугарија од 184 евра.

За споредба минималното плата во Србија изнесува 174 евра, а во Босна и Херцеговина - 191 евра.

Меѓу најголемите плати на Западен Балкан имаат Црна Гора, каде минималните примања се 191 евра и Хрватска, каде што тие изнесуваат 396 евра.

Највисока минимална плата во ЕУ е во Луксембург - 1923 евра.

Слично

Поврзани вести