Економија, финансии, бизнис

Контакт

Платите во Бугарија растат, но Бугарите не се побогати

Платите во Бугарија растат, но Бугарите не се побогати
Просечната плата во Бугарија расте, како и минималната, но Бугарите не стануваат побогати, смета претседателот на КНСБ, Пламен Димитров. Статистиката на Евростат покажа дека минималната плата во Бугарија е девет пати помала од онаа во Луксембург. „Во последните 4 години просечната реална плата, без инфлација и дефлација, се зголемила за над 27%. Истовремено, минималната месечна плата  скокнала со близу 50% за овој период. Една третина од вработените во Бугарија се  сиромашни според податоците на Евростат и добиваат подпросечен приход. Тоа дека минималната плата се зголемува, не значи дека Бугарите стануваат побогати - истакна тој. Според него статистиките за зголемувањето на депозитите во банките не можат да бидат индикатор, бидејќи тоа се однесува само на одредена група луѓе, а 2/3 од Бугарите  воопшто немаат влогови. Димитров вели дека Бугарите во последните 25 години имаат ниски приходи.
Слично

Поврзани вести