Платите паѓаат, сметките и ратите- страшен проблем за Грците
Се потешко оди плаќањето на сметките и пристигнатите рати кај Грците. Дури кај 93 отсто од населението, платите се намалиле за 38 отсто во последните три години од економската криза, покажува студијата на Конференцијата на европски национални асоцијации на мали и средни претпријатија.
Околу 50 отсто од Грците изјавиле дека ја потрошиле сета заштеда, а третина од нив дека имаат заеми кај роднини и пријатели, за анкетата на грчката Агенција за оценка на јавното мнение „Марк“,
Две третини од грчките домаќинства, имаат годишен приход помал од 18.000 евра, што треба да се земе со голема резерва со оглед на фактот дека затајувањето данок и работата на црно се зачестена пракса во земјата, пренесуваат агенциите, покажува оваа анкета.
40% од грчките домаќинства,пак лани не биле во ситуација да ги покријат тековните трошоци, ниту да ги платат даноците или да го исплатат долгот на кредитните картички.За годинава, 54 % од Грците изјавиле дека не веруваат дека ќе можат да ги подмират сите сметки.