Економија, финансии, бизнис

Контакт

Платите на просветните работници ќе се зголемат за 15 отсто

Платите на просветните работници ќе се зголемат за 15 отсто

МОН и СОНК се договорија, платите ќе се покачат за 15 отсто. 

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири вечерва соопшти дека заедно со СОНК ги прифатиле предлозите на медијаторот МТСП во однос на сите отворени теми и причините за штрајкот.

„Повисоки плати во образование ќе има, се договоривме за покачување на платите на сите вработени во образование од 15%, почнувајќи од септемвриската плата. Тоа е во согласно со буџетските можности. Нема да има кратење за времето кога се штрајкуваше. Најдовме целосно разбирање и ќе се исплатат целосни плати за април. Ги допрецизиравме работите и околу колективните договори“, рече Шаќири. 

Тој имаше средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков. 

Слично

Поврзани вести