Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЛАТИТЕ ГЛАВЕН АДУТ: СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ќе бркаат гласови со ова ветување

ПЛАТИТЕ ГЛАВЕН АДУТ: СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ќе бркаат гласови со ова ветување

Во изборната кампања која ќе започне кон крајот на март, двете најголеми партии ќе играат на картата со ветување за поголема плата.

Се почесто се споменува ова ветување а кој ќе понуди повисоки просечни плати во кампањата е јасно уште сега.

Имено, ако во претходната изборна кампања од СДСМ ветија плата од 500 евра до крајот на мандатот, кој заврши порано, за изборите во март ќе бркаат гласови со просечни плати кои до крај на мандатот ако го добијат би требало да достигна околу 600 евра или 36 000 денари.

Од друга страна, пак опозициската ВМРО ДПМНЕ најавува скок на платите во проценти или тие ветуваат раст на платата за најмалку 25 отсто или нешто повеќе од 100 евра повеќе од исплатената декемвриска плата за 2019 година.

Кампањата сепак, се уште не е почната. Можеби партиите ќе се предомислат и ќе дадат и повисока понуда...

Слично

Поврзани вести