ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЛАТИТЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ: ССМ објави колкав процент од граѓаните не можат да си дозволат еднонеделен одмор

ПЛАТИТЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ: ССМ објави колкав процент од граѓаните не можат да си дозволат еднонеделен одмор

Од Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ), велат дека 55,7 отсто од македонските граѓани не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор.

Велат дека минималната плата мора да се зголеми на најмалку 500 евра, а со тоа да се зголемат и останатите плати за најмалку 100 евра.

„Алармантно е тоа што во вредноста на синдикалната минимална кошница која се обидуваа да ја оспоруваат затоа што во неа според нив се предвидувало луксуз, предвиден е трошок за седум ноќевања во Дојран од 23 до 30 јуни, но пололовина од македонските работници не можат да си го дозволат ниту тоа“, велат од ССМ.

Потребен е раст на платите за македонските работници да можат да си овозможат пристоен годишен одмор за себе и за своите семејства, затоа што и минималната и просечната плата се најниски во регионот.

Податокот е преземен од Еуростат, првично објавен од Finance Think за тоа колку луѓе не можат да заминат на одмор од една недела. 

foto freepik.com

ad
Слично

Поврзани вести