ПЛАТИ ВО ХРВАТСКА: Земаат во просек по 725 евра, но многу Хрвати се далеку под просекот
Просечната нето плата во Хрватска во првото тримесечје од 2017 година била 5.408 куни или околу 725 евра.
Тоа е за 1% помалку во однос на претходното тримесечје, а 2% повеќе отколку во истиот период во 2016 година.
Сепак, повеќето Хрвати примаат плата која е помала од просечната.
Мажите во изминатите три месеци во земјата во просек заработувале 11% повеќе од жените.
Најплатени во првото тримесечје биле менаџерите, кои во просек имаат 112% поголема плата од просечната, а најслабо платени се работниците во текстилната индустрија, кои заработуваат 43% помалку од просечната плата.
Платите во странските приватни фирми се 13% над просекот, а во државните 4% над просекот. Најниски плати има во фирмите кои се претежно во домашна сопственост и тие се 5% помали од просечните.
И образованието влијае на висината на платата. Оние кои се високо образование земаат за 50% повисоки плати од другите.
Работата во поголема компанија гарантира и повисока плата, а се покажало дека оние фирми кои имаат помалку од 10 вработени се со пониски плати од просечните.
