Економија, финансии, бизнис

Контакт

Плати од 1.100 до 3.000 евра – Кои професии ќе бидат најбарани оваа сезона на Јадранот?

Плати од 1.100 до 3.000 евра – Кои професии ќе бидат најбарани оваа сезона на Јадранот?

Во пресрет на претстојната туристичка сезона на Јадранот владее вистинска „трка“ по сезонски работници.

Според проценките од Хрватска, во туризмот и угостителството ќе бидат потребни околу 70.000 сезонски работници, што е за околу 5.000 повеќе од минатата година.

Слична ситуација се очекува и во Црна Гора, каде Стопанската комора проценува дека за претстојната сезона ќе бидат потребни околу 25.000 сезонски работници, а само во Будва најмалку 5.000 работници во туризмот и угостителството.

Најголемиот број работни места традиционално е во секторот угостителство, каде најчесто се бараат келнери, готвачи, помошни готвачи, помошни работници во кујна, како и хигиеничари и собарки. Покрај тоа, се бараат и аниматори, рецепционери и работници за одржување, кои се неопходни за функционирањето на хотелите и туристичките комплекси.

Кога станува збор за платите, келнерите можат да очекуваат месечни примања од околу 1.200 до 1.600 евра, додека бармените заработуваат меѓу 1.400 и 1.600 евра. Рецепционерите можат да сметаат на плати од околу 1.300 до 1.500 евра, додека работниците за одржување и мајсторите најчесто заработуваат меѓу 1.100 и 1.300 евра. Во туристичките зони се бараат и продавачи, чии плати можат да достигнат од 1.600 до 1.800 евра.

Зa преостанатите професии може повеќе да се прочита на Машки Магазин.

Слично

Поврзани вести