Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЛАТИ: Македонците бруто земаат во просек по 35 573 денари

ПЛАТИ: Македонците бруто земаат во просек по 35 573 денари

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2018 изнесува 35 573 денари.

Податоците на Државниот завод за статистика, објавени денеска покажуваат дека индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по  вработен, во август 2018 година, во однос на август 2017 година, изнесува 105.6 

Ова зголемување се должи, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен  во секторите: Информации и комуникации (14.7%), Преработувачка индустрија (11.4%) и Земјоделство, шумарство и  рибарство (10.9%). 

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е  забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2.7%), Рударство и вадење  на камен (2.1%) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација 
на околината (2.0%). 

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2018 година изнесуваше 35 322 денари.

Во јуни 2018 година таа беше 35 530 денари.

Слично

Поврзани вести