ПЛАТЕНИЦИ ОД АЛБАНИЈА, КОСОВО И БиХ СЕ РЕГРУТИРААТ ВО УКРАИНА-По ваквата изјава на Лавров остра реакција од официјална Тирана
Во знак на
протест, албанското Министерството за надворешни работи го повикало амбасадорот на Руската Федерација во
Тирана, отфрлајќи ги отфрли тврдењата на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров дека и албански платеници се наоѓаат во
Украина, јави агенцијата Балкан веб.
– Министерството за надворешни работи категорично ги отфрла тврдењата објавени на руската новинска агенција ТАСС и сомневањата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за присуство на „албански платеници“ во Украина. Амбасадорот на Руската Федерација беше повикан во знак на протест и од него е побарано да се демантира веста, се наведува во објавата.
Лавров, како што пренесуваат албанските медиуми, изјавил дека „располагаат со сигурни информации дека платеници од Косово, Албанија и БиХ се регрутираат и се испраќаат во областа Донбас.
