Економија, финансии, бизнис

Контакт

Платата се троши за сметки, властите се незаинтересирани за сиромаштијата

Платата се троши за сметки, властите се незаинтересирани за сиромаштијата
Прво за сметки, па ако останат пари ќе се купи и храна. До загрижувачки податоци дојде Коалицијата за борба против гладта, која го презентираше истражувањето за гладта и сиромаштијата во Македонија, во кое што дури 63 отсто од анкетираните се изјасниле дека најголем дел од буџетот го трошат за плаќање сметки, а останатите пари за храна. 22 отсто од граѓаните  земале повеќе од еден кредит, а голем дел од нив и на вересија во локалните дуќани. Истражувањето „Заеднички глас против гладта,“ покажало и дека најголем дел од граѓаните не веруваат дека централната и локалната власт се борат против сиромаштијата Анкетата е спроведена во Скопје, Тетово и Струмица на 450 испитанци. Најмногу гладни и сиромашни луѓе се покажало дека има во Скопје, потоа во Тетово каде што сиромаштијата најмногу се чувствува во руралните подрачја.
Слично

Поврзани вести