Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЛАТА: претурај од шупливо во празно и на крајот на месецот пак кусо!

ПЛАТА: претурај од шупливо во празно и на крајот на месецот пак кусо!
Се зголемува процентот на граѓаните кои со вкупните месечни приходи не можат да ги покријат основните животни потреби. Новата публикација на Државниот завод за статистика “Анкeта за приходи и услови за живеење ”, покажува дека во 2012-та година 40,1 отсто граѓаните многу тешко успеваат со месечните приходи да ги задоволуваат потребите, и во споредба со 2010 година процентот е зголемен за речиси 2 отсто. Истражувањето направено според стандардите на европскиот завод за статистика Евростат, покажува дека се зголемува и процентот на граѓаните кои се изјасниле дека тешко можат со месечните приходи да ги покријат основните потреби. Од спроведената анекта се забележува дека вкупно 68,1 отсто   од анкетираните се изјасниле дека многу тешко или тешко им стигнуваат месечните приходи за да ги покријат потребите. Процентот на испитаниците кои се изјасниле дека месечните примања им се доволни и лесно можат со нив да ги подмират потребите изнесува само 2,3, отсо. Дистрибуција на домаќинства во зависност од субјективното мислење дали вкупните приходи ги задоволуваат потребите (ДЗР) potrebi Според податоците од спроведената анкета, дури 74,1 отсто од анкетираните не можат да си дозволат еднонеделн одмор, наспроти 25,9 отсто за кои тоа не претставува проблем. На прашањето “Дали домаќинството,доколку сака, може да си овозможи да плати јадење со месо,риба или соодветно вегетаријанско јадење,секој втор ден?”, 55,4 отсто одговориле дека не можат, наспроти 44,6 отсто од анкетираните кои одговориле потврдно. Речиси 65,9 проценти од анкетираните граѓани одговориле дека доколку се соочат со неочекуван трошок истиот не можат да го покријат со сопствени средства. Но сепак поголемиот процент од граѓаните се дисциплинирани кога се во прашање сметките за комуналии. На прашањето  “Дали вашето домаќинство, во последните 12 месеци, поради недостиг на пари, имало потешкотии во плаќањето на сметки за комунални услуги?”, само 36 отсто одговориле потврдно. Според мерењата на Сојузот на синдикати на Македонија, на едно четеричлено семејство во јануари му биле потребни 32.134 денари за да ги покрие основните потреби, односно храна, сметки за комуналии, покуќнина, хигиена. Од друга страна просечната нето плата во декември лани според статистиката изнесувала 22.407 денари, што е за околу 9.700 денари помалку од трошоците за основните потреби. Се зголемува јазот меѓу богатите и сиромашните Вкупните просечни годишни приходи од плати од вработеност по домаќинство во 2012-та година изнесува 2.852 евра или 237 евра месечно. Речиси 1.000 евра просечно изнесува вкупиот расположлив приход на едно домаќинство од пензии. По категории во т.н петти квинтил во кој припаѓаат лицата со највисоки приходи, најзастапени се вработените лица, додека најголемо учество од лицата во првиот т.н квинтил во кој се прикажани најсиромашните, имаат невработените,потоа другите неактивни лица и лицата на возраст под 16 години. Во однос на вкупните расположливи приходи, лицата од петтиот т.н квинтил годишно остваруваат приходни приближно колку што изнесуваат вкупните расположливи приходи на лицата од останатите категории односно квинтили. Ова според  социолозите укажува на тоа во Македонија е се поизразена класната нееднаквост. Податоците на Светската банка,покажуваат дека џини-индексот во 1998 година изнесувал 28,1, а во 2010 година се качил на 43,6 индексни поени. Според овие резултати, земјата има највисоки класни разлики во Европа и земјите од поранешниот СССР. Една третина од македонците живеат во сиромаштија Според т.н Лаекен индикатори се продлабочува сиромаштијата  во семејствата на самохран родител и едно дете. Во 2012 та сиромаштијата на ниво на државата изнесувала 26,2% и во однос на 2011 та се намалила за 0,6%. Но во исто време, Заводот за статистика ја намали стапката на сиромаштија во 2011 та со образложение дека податоците се ревидирани. Според статистичките податоци, во Македонија има 540 илајди лица што живеат под праг на сиромаштија. Доколку се зема предвид дефиницијата за сиромаштија на Светска банка, тоа значи дека секој четврти граѓанин живее со два долари на ден. Сиромаштијата се продлабочува кај лицата што заработуваат, односно работат. Податоците покажуваат дека стапката на сиромаштија кај вработените лица во 2012 та година изнесувала 11,1% и таа е зголемена во однос на 2011 та година, кога изнесувала 10,2%. Во исто време статистиката измери дека сиромаштијата расте и кај оние со полно и кај оние со скратено работно време. За разлика од вработените, сиромаштијата кај невработените се намалува, пред се како резултат на државните надоместоци. Во 2012 та година стапката на сиромаштија кај невработените изнесувала 46,5%, додека во 2011 та била 48,7%. Лаекен индикаторите покажуваат дека дека се влошува состојбата, особено кај  “средната класа“. Така, показателите укажуваат на зголемување на сиромаштијата кај четиричлените семејства, со две деца помали од 14 години. Под прагот на сиромаштија живеат повеќе од 141 илјади лица од ваквите семјства и за една година бројот на овие лица е зголемен за 11 600. Сиромаштијата се продлабочува и кај пензионерите, така во 2012 та стапката на сиромаштија кај оваа категорија на луѓе изнесувала 14,1%, за разлика од 2011 та, кога била 13,0%.  Статистичките мерења покажуваат зголемување на процентот на граѓаните кои се сериозно социјално обесправени и не можат да си дозволат барем 4 од 9-те основни потреби, односно ако тој процент во 2010 година изнесувал 34,7 отсто, во 2012 –та година е зголемен на речиси 41 отсто.  Македонија е на 11-тото место по сиромаштија во светот според индексот за 2013 година на вашингтонскиот Кејто Институт. Со индекс од 35,7 земјава е 11-та од вкупно 90 рангирани земји, а најголем фактор кој придонесува за мизеријата на македонските граѓани е високата невработеност. Ј.С
Слично

Поврзани вести