ПЛАТА БЕЗ РАБОТА: Оваа земја на секој жител му дава по 800 евра месечно
Владата на Финска работи на нацрт-планот со кој се предвидува државата месечно да му исплаќа на секој жител по 800 евра.
Финскиот институт за социјално осигурување направил и анкета, на која 70 отсто од граѓаните рекле дека го поддржуваат овој план за бенефиции.
Според планот секој Финец месечно ќе добива по 800 евра, без да плаќа данок за нив.
Оваа политика, Владата на Финска ќе ја чини 52.2 милијарди евра годишно.
Сличен пробен проект следната година ќе биде имплементиран во Утрехт, Холандија.
Слично
