Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пластичните кеси ќе се наплаќаат по 15 денари

Пластичните кеси ќе се наплаќаат по 15 денари

Пластичните кеси од 1 декември ќе се наплаќаат по 15 денари. 

На вчерашната 50.седница, Собранието ги усвои Законите за управување со отпадот, за управување со пакување и отпад од пакување, за управување со дополнителни текови на отпад и за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад.

Според новите закони, покрај другите промени, од 1 декември 2021 година пластичните кеси кои граѓаните ги купуваат по продавници ќе чинат 15 денари, со што треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи што ја загадуваат околината.

Во многу земји со закон е ограничена употребата на пластичните кеси. 

Слично

Поврзани вести