Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пластични операции и трансплантација на коса во „101 Клиника”

Пластични операции и трансплантација на коса во „101 Клиника”

Врвна трансплантација на коса и услуги од областа на пластичната и естетска хирургија пациентите на Балканот ќе можат да добијат преку еминентинaта „101 Клиникa“ од Македонија, заедно со етаблираната „New Age“ клиника од Турција, кои оформија конзорциум.

Освен за нашата земја, услугите на клиниката ќе бидат и во Србија, Хрватска и Турција. „Отворивме клиники во 4 земји, Македонија, Србија, Хрватска и Турција, во кои покрај не хируршките дејности, како, трихологија, подологија, дерматовенерологија, фебологија, алергологија, од денес веќе на располагање се и хируршките можности во поглед на трансплантација на коса како и пластичната и естетска хирургија. Веќе го скенираме австрискиот пазар за отворање на уште една клиника, овој пат во Виена” – изјави проф. д-р Ивица Смилковски, извршен генерален директор на конзорциумот.

Услугите на „New Age“ клиниката се рангирани на прво и шесто место според Меѓународната асоцијација на пластични хирурзи со седиште во САД, а освен за Македонија, сега се достапни и за целиот Балкан.

Слично

Поврзани вести