ПЛАНОТ НА ЕУ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД РУСКАТА ЕНЕРГИЈА: Наречен е „Playing My Part“, целта е заштеда
Европската унија
ги повика луѓето да возат помалку, да ги исклучуваат клима уредите и да работат
од дома три дена во неделата за да ја намалат зависноста од руската нафта и
гас. Европската комисија вели дека мерките, развиени во соработка со
Меѓународната агенција за енергија, ќе им заштедат на домаќинствата во просек
по околу 500 евра годишно.
„Доколку сите граѓани на ЕУ го следат планот од девет точки, наречен „Playing My Part “, ќе се заштеди доволно нафта за да се наполнат 120 супертанкери и доволно природен гас за загревање на речиси 20 милиони домови“, соопшти Европската комисија.
„Луѓето ширум Европа и помогнаа на Украина со донации или директна помош за бегалците, а многумина би сакале да сторат повеќе. Повеќето домаќинства имаат и повисоки сметки за енергија поради енергетската криза од војната. Користењето помалку енергија не е само директен начин за Европејците да ги намалат сметките, таа исто така ја поддржува Украина со намалување на потребата за руска нафта и гас, помагајќи да се намалат приливите на приходи што ја финансираат инвазијата“, додаваат тие.
Според планот, намалувањето на термостатот за само 1°C би заштедило околу 7% од енергијата што се користи за греење.
Затоа ЕУ ги повика граѓаните
Намалете го греењето во зима и користете помалку клима во лето
Прилагодете ги поставките на котелот
Користете го автомобилот поекономично
Да ја намалат брзината на автопатите, да исклучат клима во автомобилите
Во недела во големите градови ја оставаат колата дома
Кратките патувања се прават со пешачење или возење велосипед наместо автомобил
Да користат јавен превоз
Наместо авион да го користат возот.
