Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЛАНИРАТЕ ОДМОР КАЈ НАШИОТ ЈУЖЕН СОСЕД: еве колку чинат овошјето и зеленчук на позната туристичка локација (ФОТО)

ПЛАНИРАТЕ ОДМОР КАЈ НАШИОТ ЈУЖЕН СОСЕД: еве колку чинат овошјето и зеленчук на позната туристичка локација (ФОТО)

Долгите редици на граничниот премин „Евзони“ кон Грција за кои денеска пишуваме се уште една потврда дека и понатаму омилена дестинација за нашите сограѓани е јужниот сосед. 

Поради продолжениот викенд, многу наши сограѓани од рано утрово заминаа на некоја од грчките плажи. 

На социјалните мрежи се шират фотографии од познатите туристички места низ Грција, но и од цените кај нашиот јужен сосед. 

Со оглед дека ова е популарна дестинација и за соседите, особено за Србите, на популарната Фејсбук група, „Грчка инфо“ која ги собира љубителите на Грција споделени се фотографии од цените на овошјето и зеленчукот во Олимпискиот регион.

Како што гледаме на фотографијата, килограм домати, свежи кајсии, нектарини и банани чини едно евро.

Едно канче цреши исто така чини само едно евро.

Ова не е прв пат да се споделуваат цени во групата, а таквите објави собираат голем број коментари. 

Олимпскиот регион важи за поевтина дестинација, таму вообичаено цените се пониски отколку на краците, како цените за сезонското овошје и зеленчук, така и цените за сместување. 


Фото: Принскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести