Економија, финансии, бизнис

Контакт

Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!

Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!

Нема потреба да го откажувањето патувањето во Грција поради блокадите на земјоделците - тоа е можно од повеќе места, а еве како и од каде можете да влезете во оваа земја:

Во текот на денот, главните гранични премини повремено се блокирани, но овие блокади не се трајни - премините се затвораат и отвораат во зависност од текот на протестот.

Следете ги информациите кои ги објавуваат земјоделците - како и во колку часот ќе бидат блокирани граничнте премини. За време на блокадите, се пропуштаат само итни случаи и камиони со лесно расиплива стока.
- Ако патувате кон Солун, патот е прооден и нема блокади.
- Сепак, ако продолжите од Солун по автопатот до Верија, тој дел е недоволно блокиран. Можете да видите алтернативна рута на Google maps.
-
 Нема причина за грижа - каде што патиштата повремено се блокирани, полицијата ги пренасочува сите возила кон алтернативни насоки.
- Доколку планирате да влезете во Грција од Бугарија, преминот Промахонас е блокиран, па затоа се препорачува да користите помали премини - како што е Илинден-Егзочи.
- Блокадата на автопатот во правец на Неа Мудањи, во близина на местото Неа Флогита, е најавена за петок, па затоа на сите што одат на Халкидики им се препорачува да ја проверат проодноста пред да патуваат. Доколку тој дел од патот е затворен, советот е да го поминат патот од Солун што оди покрај брегот и поминува низ Неа Каликратија, Неа Флогита, до Неа Мудање.
- Доколку патувате кон Атина, автопатот е блокиран на наплатната рампа во Солун, како и во делот од градот Лариса, па затоа е потребно да користите алтернативни правци.

Секако, доколку одите на патување, задолжително проверете ја моменталната состојба на границите пред поаѓање. Избегнувајте премини за кои во моментов се пријавени како блокирани и размислете за помали гранични премини. Планирајте го вашето патување со малку повеќе време на располагање — ќе биде помирно и полесно за вас.

Слично

Поврзани вести