Планираната бугарска комеморативна монета од 2 евра на која стои натпис „Бугарската азбука“ се соочила со вето
Планираната бугарска комеморативна монета од 2 евра на која стои натпис „Бугарската азбука“ се соочила со неочекувана пречка во институциите на Европската Унија(ЕУ), објави Новините. Една земја од еврозоната поднела формален приговор на предложениот дизајн и поради тоа, постапката е запрена.
Монетата требало да биде издадена во втората половина на 2026 година. Бил планиран тираж од 1 милион примероци. Сепак, без целосна согласност од земјите членки, проектот не може да продолжи во сегашната форма.
Бугарија го доставила дизајнот на 19 мај годинава. Според документите што циркулираат во Советот на ЕУ, неколку дена подоцна била доставена и официјална забелешка од една држава членка на еврозоната.
Дел од аналитичарите претпоставуваат дека станува збор за Словачка. Засега нема официјална потврда за таквите тврдења.
Според објавените информации, претпоставките се поврзуваат со фактот што Словачка претходно издаде евромонети со Светите Кирил и Методиј.
