Планираната, а неспроведена е-аукција носи највисоки цени
Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалност бр. 14 во кој се споредени цените, по кои се купувани метални архивски ормари, јаглен и училишни столчиња.
Најголемата разлика во цената е евидентирана во набавката на јаглен, а најмала во набавката на заштитните гумени чизми.
Поконкретно евидентирани се следните разлики: метални архивски ормани ги чинеле институциите од 6.476 до 14.293 денари за 1 орман, со речиси идентични димензии со што највисоката цена е за дури 121% повисока од најниска. Јагленот е купуван по цени кои се движат од 1.652 денари до 4.720 денари за еден тон, со што највисоката цена е за дури 186% повисока од најниската. Училишни столчиња со стандардни димензии се купувани по цени кои се движат од 505 до 1.062 денари, што значи дека највисоката цена е за 110% повисока од најниската и заштитни гумени чизми, високи до колена ги чинеле комуналните претпријатија од 400 до 728 денари за пар, со што највисоката цена платена за оваа услуга е за 82% поголема од најниската цена.
Обидот за изработка на индексот на рационалноста за чистење на речни корита не можеше да се реализира, бидејќи не можеше да се пронајде заедничка, единица мерка врз основа на која би ги споредиле трошоците за оваа услуга.
Слично
