ПЛАНИРАН НАПАД ВРЗ ВРВОТ НА ДРЖАВАТА: Во Србија уапсена група од 17 луѓе
Како што јавуваат српските медиуми во голема полициска акција утрово се уапсени 17 лица, кои се дел од тимот што го формира Радоје Звичер, познати како „Врачари“.
Уапсените се товарат дека извршиле три убиства на територијата на Белград, а се товарат и за пет обиди за убиство.
Според пишувањата на медимите, тие планирале и напади врз највисоките државни функционери на Србија.
Во голема акција на тамошните безбедносни институции при апсењето на овие 17 лица, биле извршени претреси на дури 50 локации.
Во акцијата е вклучено и тамошното Обвинителството за организиран криминал и се чекаат повеќе информации, пренесуваат „Новости“.
Слично
