ПЛАНИРАЛ МАСОВНО УБИСТВО ВО ЦЕНТАРОТ НА БЕЛГРАД-УАПСЕН ТЕРОРИСТОТ ВАХАБИСТ: Игор Деспотовиќ подготвувал крвав напад
Оперативците на Антитерористичката служба утрово во Белград
го уапсија Игор Деспотовиќ, вахабистички Србин кој пред неколку години
подготвувал крвав терористички напад во строгиот центар на главниот град. Деспотовиќ веќе беше уапсен и во 2017 година,
кога беше утврдено дека планирал напад со камион во центарот на Белград.
Игор Деспотовиќ овојпат доби 48 часовен притвор поради кривично дело Јавно поттикнување на терористички дела.
Деспотовиќ, кој пред неколку години преминал во ислам и бил во постојан контакт со лидерите на ИСИС, бил уапсен во 2017 година додека се подготвувал со камион, да „прелета“низ улицата Кнез Михаилова и да прегази што повеќе луѓе
Во моментот на апсењето биле откриени детални планови за нападот, како и кореспонденција со радикални исламисти од Сирија и Западна Европа, пишува Информер.
Извори од МВР и БИА велат дека Игор Деспотовиќ имал детални планови за нападот во неговиот стан, во лаптопот и мобилниот телефон. Нападот требало да личи на оној во Барселона кога Мароканецот Џунс Абујакуб влета во толпа народ во трговскиот центар во Ла Рамбла. Тогаш загинаа 13 лица, а повеќе од стотина беа тешко повредени.
Според досегашните информации, Деспотовиќ дејствувал самостојно, но полицијата и БИА интензивно ги проверуваат сите траги кои потенцијално би можеле да доведат до други радикални исламисти кои се подготвени да убиваат во Србија по наредба на ИСИС.
