Економија, финансии, бизнис

Контакт

Плаќањето преку Пејпал стопирано во Србија

Плаќањето преку Пејпал стопирано во Србија
Стартот на услугата за електронско плаќање преку сервисот Пејпал, која беше долгоочекувана во Србија, помина неславно. Заради законот кој не дозволува девизни трансакции меѓу резиденти, услугата е стопирана само неколку дена по нејзиното воведување. Корисниците на порталите за интернет-трговија во Србија ги делат само неколку кликови до купување на производите, но сега ќе мора да почекаат, затоа што е потребна измена на законските прописи. „Ние имавме и имаме континуирани состаноци со Народната банка на Србија на оваа тема и на многу теми кои се однесуваат на новите деловни модели кои се применуваат во високотехнолошките индустрии во светот. Познато е дека извезуваме софтвер вреден околу 250 милиони евра годишно и дека имаме навистина добри и познати софтверски компании, кои со себе ги носат и тие нови начини на работење, што засега не ги препознава ниту Народната банка, ниту Министерството за финансии, ниту Даночната управа“, вели за АлЏазира Јелена Јовановиќ од Здружението за информатички дејности при Стопанската комора на Србија.
Слично

Поврзани вести