Економија, финансии, бизнис

Контакт

Плаќањето преку интернет и мобилен зголемено за 30 отсто

Плаќањето преку интернет и мобилен зголемено за 30 отсто

Според податоците од  платежната статистика на Народната банка,  и во првите три месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози.

Во споредба со истиот период лани, бројот на плаќањата со платни налози пораснал за 2,7 отсто, а вредноста за дури 17,7 проценти. Особено брзо растат електронските плаќања преку интернет или мобилен телефон коишто се зголемени за речиси 13 отсто по број на трансакции и за над 30 проценти по вредност.

„Најголемиот дел од електронските трансакции (над 70%) се направени преку мобилни апликации, што покажува дека телефонот станува омилен начин за плаќање – брзо, едноставно и достапно.

И употребата на платежните картички и натаму расте. Бројот на плаќањата со картички е зголемен за 1,1%, а вредноста за 8,6%. Овој раст најмногу се должи на зголеменото купување преку интернет (7,1%), но има раст и кај плаќањата во продавниците (0,6%)“, објави Народна банка.

Овие бројки од платежната статистика покажуваат дека сѐ повеќе граѓани се префрлаат на дигиталните начини на плаќање.


Слично

Поврзани вести