Плаќаме три пати поскап гас во однос на цените од предкризните години
Просечната цена на увезен природен гас за снабдување на домаќинствата, за работа на индустријата, за производство на електрична енеггија и за топланите, во текот на минатата година се зголемила за дури 22,5 отсто.
Ова го потврдува Регулаторната комисија за енергетика во својот извештај за 2025, каде што се вели дека просечната увозна цена се зголемила од 27,6 на 33,8 денари за нормален метар кубен за една година. Цената е зголемена за дури три пати во однос на преткризните години, кога до 2020 била стабилна и изнесувала само 11,1 денари за метар кубен природен гас.
„Просечната увозна цена на природниот гас во 2025 година изнесуваше 33,8
ден/nm3
. Ова е благо зголемување на цената во однос на 2024 година кога истата
изнесуваше 27,6 ден/nm3
, a e значајно пониска од кризната 2022 година кога цената
достигна 77,6 ден/nm3
. Сепак, во однос на пред кризните години до 2022 кога увозните
цени на природниот гас се движеа во рамки од 11 до 15 ден/nm3
, моменталните цени
се повисоки“, објави РКЕ во извештајот.
Евидентно зголемена е и производната цена. Во
годините пред 2022 година, цената се движела во опсег од 20 до 25 евра за мегаватчас. Во 2025
година просечната цена е 47 евра за мегаватчас.
Кај цените на пазарот на мало најголемо зголемување на годишно ниво имало кај домаќинствата, а тука се мисли најмногу кај они каде што има такви локални системи како во Струмица и Куманово. Таму сената се зголемила од 77,8 на 92,4 евра по мегаватчас.Кај индустриските потрошувачи што се директно приклучени на системот за пренос зголемувањето е минимално - од 48,8 на 49,1 евра за мегаватчас, додека кај индустриските потрошувачи што се снабдуваат преку мрежа зголемувањето е од 57,0 на 60,8 евра по мегаватчас во текот на 2025.
„Може да се констатира дека кај индустриските потрошувачи за
2024 и 2025 година цените се приближни и со помали осцилации, и бележат пад во
однос на 2023 година. Кај домаќинствата цените во 2025 година се поголеми од
претходните години и разликата во цена помеѓу индустриските потрошувачи и
домаќинствата е зголемена.
Кон крајот на годината цената за индустриските потрошувачи
приклучени на дистрибуција има благо зголемување, додека за индустриските
потрошувачи приклучени на пренос има намалување. Најголемиот дел од
потрошувачката кај индустриските потрошувачи приклучени на дистрибуција е на
системот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (Бунарџик), каде што има најголеми количини“, заклучува РКЕ.
А.К.
