Плакати: „Жерновски исчезна, да се врати во општината“!
Подметнувањата и креативните политички игри во македонскиот блок отсекогаш биле инспирација, најчесто за граѓанските здруженија или политичките подмладоци. Може да се претпоставува кој стои зад последната акција „Исчезнат Андреј Жерновски“.
Општина Центар вчера осамна излепена со плакати на кои стои:
ИСЧЕЗНАТ Андреј Жерновски
Роден: 26 ноември 1968 во Скопје, Боја на очи: кафена, Боја на коса: кафена, Последен пат виден: Локални избори 2013.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Доколку се најде, да се врати во општината и да го исполни тоа што го вети на граѓаните.
Претходно, уште пред неколку месеци со слична акција излегоа од граѓанската иницијатива „Протестирам“. Тие издадоа потерници за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков.
На потерниците пишува: „ Не го пуштајте да избега од државава! Се бара жив и со парите!“

Слично