Економија, финансии, бизнис

Контакт

Плаќате превисоки сметки за струја? Еве како да заштедете во зима

Плаќате превисоки сметки за струја? Еве како да заштедете во зима

Неколку совети како да ја намалите сметката за греење

1 Изолација

Изолирајте ги старите болјери и цевките за врела вода. Изолирајтего подрумот гаражата и покривот. Ставете изолација над незагреаните места во куќата. Тоа би значело дека доколку во подрумот не греете, ставете изолација на плафонот во подрумот, и така задржете ја топлината на своите подови. Инвестицијата за изолација сигурно ќе ви се исплати понатаму и ќе ја намали вашата сметка за струја.

2 Варете вода колку што ви е потребно, не претерувајте

3 Намалете ја температурата на термостатот

Ако ја намалите температурата на термостатот за само еден степен, ќе заштедите десет проценти енергија. Ова важи и летно време за клима уредите.

4 Вградете програмабилен термостат

Програмабилниот термостат, ќе ви помогне многу лесно да ја контролирате температурата во куќата кога нема да бидете дома.

5 Користете го сонцето

Во текот на денот оставете ги завесите и ролетните отворено и максимално искористете го секој зрак од сонцето.

6 Затворете ги прозорците во текот на ноќта

 Доколку имате ролетни, затворете ги и нив. Така ќе ја задржите топлината во текот на ноќта.

 7 Поправете ги прозорците

Ако прозорците ви се истрошени и стари, ладен воздух може да влегува во вашиот дом. Заменете ги прозорците или репарирајте ги. Инвестицијата ќе се исплати.

8 Запечатете ја вратата

Ако чувствувате дека преку затворена врата поминува воздух, запечатете ја со леплива трака за изолација

10 Исчистете ги филтрите на клима уредите. Кога не се чисти трошат повеќе електрична енергија додека работат.

 11 Доколку се греете на дрва, искористете го шпоретот за подготовка на оброци. Не мора да готвите на електрична енергија.

Слично

Поврзани вести