ПКБ гради уште една фарма
Земјоделската корпорација Белград многу брзо ќе започне со изградба на уште една нова современа фарма за молзни крави.
Според портпаролката на ПКБ во фармата ќе биде вложено околу 10 милиони евра.
ПКБ на крајот на минатата година отвори една од најсовремените фарми во Европа, а вредноста на таа инвестиција исто така изнесуваше 10 милиони евра.
Портпаролката Весна Гајиќ истакнала дека со оваа динамика ќе биде исполнета зацртаната цел на ПКБ до 2015-та година, да бидат изградени четири нови фарми и сите молзни грла кои сега се во поврзан систем да биде спроведени во слободен систем на држење.
ПКБ има вкупно 8.700 молзни грла кои дневно произведуваат 180.000 литри млеко, а третина од производството е на ниво планирани количини.
Слично
