Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пивоваров за Фактор: Потребно е формирање на преодна Влада а не парцијални решенија за излез од кризата

Пивоваров за Фактор: Потребно е формирање на преодна Влада а не парцијални решенија за излез од кризата

   Универзитетскиот професор  и поранешен разузнавач Владимир Пивоваров оценува дека  политичката  криза не може да се  реши  со  повлекување  на  неколку функционери , туку неопходна е  целосна  оставка на актуелната власт  и формирање на преодна влада.  „Преодната влада  ќе мора да подготви и спроведе  вистински, фер и демократски избори како и да ги ослободи институциите од партиски влијанија  за тие да можат нормално да функцинираат“,  посочува Пивоваров.   Во пресрет на  најавениот  протест на опозицијата   на 17 мај, поранешниот  разузнавач се надевам дека тој ќе биде мирен , но не исклучува доколку меѓу  народот се  инфилтрираат провокатори да дојде до инциденти и  нарушување на безбедноста .

Разговараше Горазд Чомовски

Фактор:  Дали со оставките на министрите  и на  директорот на УБК,  премиерот Груевски би можел да се  амнестира од одговорност , притоа  обидувајќи се да демонстрира  флексибилност пред меѓународниот фактор?

ПРЕМИЕРОТ ЈА  ЗАМАЈУВА  ДОМАШНАТА И МЕЃУНАРОДНА  ЈАВНОСТ

Пивоваров: Поднесените оставки од тројца функционери ниту можат, ниту ќе ја разрешат политичката криза во Македонија . Ова е само уште еден обид на замајување на јавноста и меѓународната заедница во прикажување на избледената слика за напорите на приближување кон НАТО и ЕУ интеграциите. Впрочем, сите извештаии  на ЕК последниве години се со иста содржина односно остри критики насочени кон независноста на судството, немањето на дистинкција помеѓу државата и партијата, јасна поделба на трите столба на демократските општесва и ред други забелешки. Накратко, само целосна оставка на владата и формирањето на преодна влада која ќе има за цел подготовка и спроведување на вистински, фер и демократски избори по што неминовно новоизбраната влада ќе мора да ги ослободи институциите од партиските стеги со што ќе им овозможи нормално функционирање. Сериозен проблем за новоизбраните власти ќе биде решавање на горливи прашања пред се пренатрупаноста на државната администрација составена од партиски војници.

МАКЕДОНИЈА ЈА ДЕМНЕАТ  ГОЛЕМИ БЕЗБЕДНОСТИ  РИЗИЦИ   

Фактор:  Оставките  на  министерката за внатрешни работи Гордана јанкулоска  и директорот на УБК Сашо Мијалков следуваат  само неколку дена  по  инцидентите во Куманово . Постојат  ли сеуште безбедносни  ризици  ако  се има во предвид  најавениот голем протест на  опозицијата  за 17 мај?

Пивоваров: Безбедносни ризици постоеле и ќе постојат, некогаш со помал, некогаш со поголем интензитет. Во моментов сме соочени со најголемите безбедносни ризици дури од осамостојувањето до денес. Свесно и намерно безбедносниот систем се разградуваше, од сериозни безбедносни служби истите ги претворија во партиски штабови како што во разговорите изјавуваше екс минстерката Јанкуловска. Опозиционите протести, највени како мирни, неможе да ја нарушат веќе нарушената безбедносна состојба, но доколку во масите бидат инфилтрирани провокатори како на изминатите протести можно е да се случи нарушување на безбедносната состојба а истото може да се случи и доколку од страна на полицијата се појават провокатори кои непотребно ќе применат сила може да ги изиритираат протестантите.

ВЛАСТА ГИ ПРИВАТИЗИРАШЕ И ПАРТИЗИРАШЕ ИНСТИТУЦИИТЕ

Фактор:  Како да се врати  нарушениот углед на институциите  за истите да можат нормално да профункционираат  ?

Пивоваров: Во овој момент неможе да зборуваме за нарушен углед на институциите затоа што тие постојат само на хартија. А доколку зборуваме за нарушен углед на партиските институции, да, тогаш може да се констатира дека угледот им е срозан поради што подолг период функционираат како партиски испостави. Впрочем вака функционираат само автократски еднопартиски системи како на пример оној во Северна Кореја.

Слично

Поврзани вести