Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПИВОТО ВО РУСИЈА МОЖЕ ДА ПОСКАПE ЗА 20 ОТСТО: И индустријата за пиво под голем удар

ПИВОТО ВО РУСИЈА МОЖЕ ДА ПОСКАПE ЗА 20 ОТСТО: И индустријата за пиво под голем удар

Цените на пивото во Русија наскоро може да пораснат и до 20 отсто, пишува весникот „Комерсант“. Според медиумот, дистрибутерот на компанијата за производство на пиво Хајнекен (Крушовице, Амстел, Охота, Три мечки, Степан Разин и други) веќе ги известил договорните страни за зголемување на цената од 6%.

Компанијата АБ ИнБев Ефес ( која ги држи брендовите BUD, Spaten, Corona Extra, Stary Melnik, Klinskoye) исто така предупреди за растот на цените, односно за зголемување на цените од 5%. Производите на Балтика (дел од Carlsberg Group; Tuborg, Zatecky Gus, Holsten итн.) може да пораснат и до 20%.

Во исто време, Балтика и Хајнекен учествуваат со над 67% од продажбата на пиво во Русија. Поради фактот што Кремљ започна војна во Украина, Хајнекен и Карлсберг најавија повлекување од рускиот пазар. АБ ИнБев Ефес, под контрола на турскиот Анадолу Ефес, продолжува да работи во Руската Федерација како и досега.

Здружението на производители на пиво (APP) забележа дека индустријата за пиво, како и многу други, „е под притисок од негативни фактори“. Станува збор за поскапување на суровините, како и за прекин на синџирите на снабдување поради санкции. „Сето ова води до зголемување на трошоците за производство и се одразува на цените“, објаснуваат од АМС.

Што се однесува до увозното пиво, тоа веќе поскапе за 40%. Основачот на мрежата Раковаја, Евгениј Ничипирук, вели дека некои брендови сега практично исчезнале. Во исто време, според NielsenIQ, продажбата на пиво во Русија се зголемила за 6,2% во текот на минатата година.

ФОТО: EPA/YURI KOCHETKOV

Слично

Поврзани вести