Економија, финансии, бизнис

Контакт

Писмо од читател: Не знам дали на пролет ќе има избори, ама елкиве ми заличеа на жални врби!

Писмо од читател: Не знам дали на пролет ќе има избори, ама елкиве ми заличеа на жални врби!
Последниве случувања во Македонијава наша, вака или онака ги тангираат сите пори на општественото живеење... Се кај нас е подредено околу политиката. Стануваш сабајле, палиш цигара, укључуеш ФБ, пушташ некоја утринска програма (дали оние од МТВ или баба рогата од Канал 5) и бомбаааа, таму Бранко ваму Грујо, на ФБ смешни слики заканувачки пораки... И започнува денот. Да ти се плукнам на таков ден. Малце ме заболе за кратењето на пратеничките плати или колку развиваат џандарските Јети, али у маркет пак го покачиле омиленото чоколадце на син ми е тоа ме тангира. Ме тангира што жена ми волонтира 4 години и зема НИШТО. Незнам дали на пролет ке има избори ама знам дека, додека во државата се создаваат бркотници за и околу демократските процеси и нивното назадување, народот минатава година купи помалце лампиони, купи помалце пакетчиња, купи помалце месо (мајке им га сушено 600 ден еден килограм), народот помалце се опиваше, изгледа само поише се сексаше или не? 2012 имаше и помалце народ тука, помалце се вратија гастербајтери. Во оваа година обзнанија дека Македонија е држава каде не е здрава средина за чување деца. И елките беа катастрофа, беа како жални врби. 2012 беше година што многумина сакаат да ја заборават, ама таа година е причината што се прашуваме дали во март ке има избори? Незнам дали напролет ке има избори, ама знам дека за мене 1998 беше година, годиниште море. Годината што измина се изнагледав пицопевци, квази-патриоти тендераши... Научив и дека по затворите има секакви, само криминалци недостасуваат...Во 2012 година не се прашувавме за здравјето туку како се снаоѓаш со рецесијава со кризата? РЕЦЕСИВНО. Оваа година се помалце слики од монденски места, а се поише девојчиња со се помалку крпички на себе, година во која се посомневаа многумина дали семејството има значение, пријателство, роднинство.Има ли оваа година нови побратими? Дали децата знаат што беше тоа ЉУБОВ? Година во која бугарски пасош е гордост, надменост, висина, доказ дека тој и тој со бугарски пасош возел шлепер по Норвешка и зема три илјади евра, додека пола држава зема 3000 денари социјалка. Не знам дали ќе има избори на пролет, ама знам дека пола држава, ама не им чуе за тоа додека трескаат по тенџерињата, блеат у Собраниски канал или типкаат на ФБ, очекуваат гратис упаљачи за избори, капче, шалче или тренерки со лик на лидерот. А можеби и заслужуваме ваква денешница во која индивидуалците се чудаци, а фаците како локалните криминалци - херои! Ваш редовен читател, Марјан Стаменковски Рубриката ПИСМА НА ЧИТАТЕЛИ, ФАКТОР ќе ја практикува и во иднина, во зависност од Вашиот интерес да ни пишувaте. Ние Ве охрабруваме да обработувате економски теми и теми од вашето секојдневно живеење кои имаат допир со економијата. Напоменуваме дека содржината на текстовите во рубриката ПИСМА НА ЧИТАТЕЛИ не секогаш е во согласност со уредувачката политика на ФАКТОР. Го задржуваме правото технички и лексички дa интервенираме во текстот и во насловот, без да ја менуваме суштината и содржината на напишаното. Ваш, ФАКТОР
Слично

Поврзани вести