Писмо на Босанец од Австрија стана хит
Босанец кој работи во Австрија објави писмо на официјалната страница на еден од кантоните во БиХ, го сподели своето искуство, а писмото стана хит за кратко време.
Тој пишува дека пред неколку месеци дошол во Австрија, и нашол работа. На властите им порачува дека таму се отвораат работни места, а не како во неговата земја каде се затвораат фабрики. Наведува дека во фирмата има 50 вфработени, а само 3 канцеларии.
„Тие жени работат цели 8 часа, не можат да отидат ниту до продавница, ниту кафе да испијат или да се јавуваат на пријателка во текот на работното време. Тоа е вистински терор на тие работници! И она што е глупост, ниту една не е роднина на шефот, без врска“, се шегува човекот од БиХ во писмото.
На луѓето им порача да одлучат дали сакаат да живеат во земја која само им зема, а ништо не им дава.
