ПИСМО ДО ДИМИТРИЕВ: Оставка од министерот за правда бара УПОЗ
Синдикатот на УПОЗ со писмо се обрати до премиерот, Емил Димитриев во кое наведуваат дека треба да се побара одговорност од министерот за правда, Валдет Џафери и да се испита постапувањето на Судскиот буџетски совет.
Ова го бараат поради како што велат незаконското постапување со штрајкувачите, кои ќе бидат казнети со 40% од плата. Од УПОЗ велат дека на овој начин се крши Уставот. Додаваат дека 56 дена судската власт не функционира нормално затоа што надлежните немаат интерес за решавање на проблемите со кои се соочуваат, односно бараат зголемување на додатоци на плата за 35%.
Во писмото до Димитриев од УПОЗ пишуваат дека состојбата е хаотична, а Судскиот буџетски совет со закани и раздор сака да го скрши штрајкот.
Тие вчера најавија кривични пријави за претседателите на судовите кои незаконски ќе исплатат плата.
Штрајкот на судската администрација почна во втората половина на месец мај.
